,,Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Затоа, со твоите молитви, избави не од искушенија.”1
Како и секоја година, така и оваа, споменот на свети Наум Охридски, Чудотворецот, беше свечено и торжествено одбележан во истоимениот манастир, крај брегот на Охридското Езеро. Илјадници верници од сите краишта пристигнаа за молитвено да го прослават големиот светител и да го испросат неговото молитвено застапништво пред Бога.
Прославата на овој велелепен празник започна на 02.07.2026 година со празнична Вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
Наредниот ден беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен.
По завршувањето на светата Литургија беше извршен чинот на Малиот водосвет, по што беше прекршен празничниот колач.

































- Тропар на св. Наум Охридски. ↩︎






