„Откако од севишната промисла ја нацрпивте бездната на исцеленија, на сите верни им точите исцеленија, бесребреници! Преку вашите таинствени дејства, натприродно ги лекувате болките на болните, препишувајќи им спасоносни лекови од ризниците на Духот. Затоа, како чесен храм на Живоначалната Троица, Која во вас очигледно си направи Свој дом, молете Ја да ги спаси душите наши.“1
На 14.07.2026 година, во денот кога го празнуваme споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во Пештани, познат и како „Св. Врачи“, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.












































- Хвалитна стихира од Утрената богослуќба на свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (14/1 Јули). ↩︎






