Новости

  • ,

    Чин на осветување на храм

    Ова богослужбено издание го содржи чинот на осветување на храм и има наменска примена. Претставува единствено издание од овој тип кај нас. Многубројните новоизградени храмови и нивното осветување ја поттикнаа потребата од публикација на едно вакво практично издание. Формат: тврда корица Број на страни: 120 Цена:

    Чин на осветување на храм

  • ,

    Мал типик

    Овој мал но практичен типик составен од прот. ст. Ефтим Бетински е џебно издание во кое се сублимирани основните одредби за поредокот во црковното богослужение. Претставува одличен прирачник и учебник за почетници во богослужбениот живот, но и потсетник за оние кои активно учествуваат во богослужбата. Формат: мека корица Број на страни: 130 Цена: 150 ден.

    Мал типик

  • ,

    Требник

    Требникот е богослужбена книга во која се поместени последованијата на светите тајни (освен ракополагањето) и на другите свештенодејствија наречени „треби“ кои не влегуваат во редовниот богослужбен круг, туку се извршуваат по потреба, како на пример: причестување на болни во домот, молебни, водосвети, погребенија, панихиди, осветување на дом, молитви за разни потреби и сл. Овој „Требник“…

    Требник

  • ,

    Служебник

    Оваа мала, но многу практична богослужбена книга е наменета за свештенослужителите, а особено е практична поради малите димензии. Во неа се поместени последованијата на Вечерната и Утрената богослужба, како и на Литургијата на свети Јован Златоуст. На крај како практичен додаток се поместени Благодарствените молитви, молитвите за облекување на архиерејска литургија, возгласите од пасхалната утрена…

    Служебник

  • ,

    Служебник

    Двојазичното издание на богослужбена книга ќе им помогне на свештениците непречено да богослужат на разбирлив литературен јазик, а секако по желба да се потсетуваат и на длабокиот со значење и смисла црковнословенски јазик. И оваа книга е дел од едицијата на двојазични богослужбени книги – изданија на ДКЕ. Формат: тврда корица Цена:


  • ,

    Каноник

    Двојазично издание на богослужбена книга со црковни песни на црковнословенски и современ македонски јазик во препев на Архимандрит Нектариј. Оваа книга е голем прилог во примената на современиот македонски јазик во утрената богослужба. Преку овие преводи и двојазично издадени богослужбени книги се овозможува младите генерации кои недоволно го разбираат црковнословенскиот јазик да можат да учествуваат…


  • ,

    Осмогласник (Воскресник)

    Зборник со воскресните-неделни песнопенија на осумте гласови, препеани на современ македонски јазик и стручно уредени од Архимандрит Нектариј Најдоски, игумен на манастирот Свети Наум Охридски. Важно е да се спомене дека овој препев е со нагласена слоговна ритмика и поетски стил, што е неопходно за да се запазат црковните мелодии со сите нивни особености, варијации…


  • ,

    Пасхалија

    Оваа богослужбена книга е фототипно издание на црковнословенски јазик и во неа се поместени богослужбите од Светлата седмица. Формат: тврда корица Цена:


  • ,

    Часослов

    Богослужбена книга на црковнословенски јазик со паралелен превод на современ македонски јазик. Книгата е изработена од страна на посебно одредена комисија од свештенослужители од епархијата на чело со Митрополитот Тимотеј, а уредена од протоерејот Ефтим Бетински. Ова издание е капитално дело затоа што во голем дел ги задоволува потребите од примена на современиот македонски јазик…

    Часослов

  • Свети Апостол Тимотеј

    „Твоите земни желби престанаа, себлажен апостоле, зашто си ја достигнал крајната убавина, постојано озаруван јасно од светлината на Света Троица, и сега пееш, веселејќи се: Сето создание да Го благословува Господа, и да Го превозноси во сите векови.“ На 04.02.2026 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник,…

    Свети Апостол Тимотеј