Свети Прохор Пчински

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради овам со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови.“

Седален на утрена на преп. Прохор Пчински.

На 01.11.2025 година, на споменот на преподобниот отец наш Прохор Пчински, во Пјаченца, Р. Италија, Митрополитот Дебарско – кичевски г. Георгиј, по покана на Митрополитот Европски, г.Пимен, зеде учество и сослужуваше на светата архиерејска Литургија, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен.

На богослужбата, покрај многубројниот народ, присуствуваа и генералниот конзул на Република Македонија во Република Италија, г-ѓа Фросина Ременски, вицеградоначалникот на Општина Пјаченца, како и бројни гости од соседните црковни општини во Италија.

По завршувањето на Светата Литургија, верниот народ се собра на заедничкиот славски ручек, каде што, на радост на сите присутни, настапија играорките од ансамблот „Македонски цвет“.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК