„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.“ 1
На 31.05.2026 година, педесет дена по Христовото Воскресение, на денот кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Според типикот на Православната Црква, веднаш по завршувањето на Литургијата беше отслужена Вечерна богослужба со Духовденските коленоприклони молитви принесени кон Бога, кои изобилуваат со покајно-благодарствена содржина и во кои си спомнуваме за прошка на гревовите на сите порано упокоени отци и браќа наши, со надеж за Воскресение.
По Вечерната богослужба беше извршен чинот на Mал водосвет, а потоа беше прекршен и празничниот колач.
















































- Кондак од Утреаната богослужба на Духовден. ↩︎






