Оваа мала книга е одличен катехизис за сите кои сакаат да ги запознаат основните вистини на православната вера. Нејзин звтор е прот. Александар Торик, а преводот на македонски го направи ѓаконот проф. д-р Дејан Борисов.
„Во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога“ (Јов 1, 22). Ете сведоштво што ги поттикнува ангелите на пофалби! Ете сведоштво што го посрамува ѓаволот со сите негови обиди! „Во сето тоа Јов не згреши“. Ова Божјо сведоштво, како скапоцено миро, ја радува Црквата и сите што го слушаат. О,…
,,Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.”1 На 16 ноември, Светата Православна Црква го празнува споменот на преносот на моштите на светиот великомаченик Георгиј Победоносец од Никомидија во градот Лида Палестинска и обновувањето на неговиот храм.…
,,Со светиите упокоја ја, Христе, душата на Твојата рабина кај што нема болка, ни тага, ни воздишка – но живот бесконечен.“1 На 14 ноември 2026 година, на споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, по повод десетгодишниот спомен од упокојувањето на блаженоупокоената игуманија Агнија, беше…
Почитувани верници, На 14 ноември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан. Оваа година, воедно, се навршуваат и десет години од упокојувањето на игуманија Агнија. По тој повод, во сабота, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево ќе биде отслужена света заупокоена архиерејска Литургија, на која ќе…