Доброслов (Евергетинос) е зборник на светоотечки поучни текстови, составен во единаесетиот век од монахот Павле, ктитор на манастирот „Пресвета Богородица Евергетида (добротворка)“, кој се наоѓа надвор од ѕидините на Цариград. Текстовите посветени на христијанските добродетели се тематски подредени, што овозможува да се најдат на едно место повеќе светоотечки поуки, размислувања и искуства поврзани со одредена добродетел. Книгата е превод на свештеникот Димче Азески.
Формат: мека корица
Број на страни: 284
Цена: 250 ден.






