Оваа мала книга е одличен катехизис за сите кои сакаат да ги запознаат основните вистини на православната вера. Нејзин звтор е прот. Александар Торик, а преводот на македонски го направи ѓаконот проф. д-р Дејан Борисов.
Формат: мека корица
Цена:
На 07.06.2026 година, во Неделата на Сите Светии, во манастирот посветен на „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Споделете
На 06.06.2026 година, на споменот на преподобниот Симеон Столпник Дивногорец, св. Мелетиј Стратилат и св. Никита Столпник, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Востронски г. Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и…
,,Во Твоите дворови, Господи, со преклонети колена на душите и телата, ние верните Те воспеваме Тебе, беспочетниот Отец, и собеспочетниот Син, и совечниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши.“1 На 01.06.2026 година, во вториот ден од празнувањето на празникот Педесетница, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија,…
„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.“ 1 На 31.05.2026 година, педесет дена по Христовото Воскресение, на денот кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во…
,,Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.”1 На 21.05.2026 година, на четириесеттиот ден по Христовото Воскресение, кога светата Црква го празнува Вознесението на нашиот Господ Исус Христос, како и споменот…

По повод претстојните празници, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда:
– 17.05.2026 г. Недела на слепиот, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во манастирот ,,Свети Наум Охридски” – Охрид
– 21.05.2026 г. Вознесение Христово – Спасовден, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во манастирот ,,Вознесение Христово” – Горно Лакочереј, Охрид
– 31.05.2026 г. Духовден, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во храмот ,,Света Троица” – Охрид