Протоереј Александар Матески
Парохиски свештеник при црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево
Телефонски број: 078 422 153
Раѓање и школување
Роден е на 11. IX 1987 година во Кичево, од родители Боривој и Розина, со живеалиште во Кичево. Основно училиште, од прво до осмо одделение, завршил во Кичево. Средно училиште завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 2007 година. Се запишува на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во учебната 2007/08 година. Факултетот го завршува на 10. II 2015 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 4. II 2013 година во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон. На 10. II 2013 година во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, од раката на митрополитот Тимотеј е ракоположен во свештенички чин и поставен на парохиска служба во Кичево.






