Свештеник Ѓорѓи Наумоски
Парохиски свештеник на Мислешевска парохија при црквата „Св. Јован Крстител“ – с. Мислешево
Телефонски број: 072 699 244
Раѓање и школување
Роден е на 31. VIII 1995 година во Струга, од родители Ристе и Елка, со живеалиште во Струга. Основно училиште завршил во ,,Јосиф Броз Тито” во Струга. Средно гимназиско училиште завршил во СОУ ,,Д-р Ибрахим Темо“ во Струга. Во 2014 година се запишува на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2021 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог. Со благослов митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, продолжил на постдипломски студии на Православниот богословски факултет при Универзитетот ,,Аристотел” во Солун, на катедрата за Христијанска литература и историја, кои успешно ги завршува во 2023 година. Со благослов на својот митрополит, продолжил на докторски студии на истиот факултет во Солун, на катедрата за Канонско и црковно право.
Ракополагања
На 7.V 2025 год. ракоположен e за ѓакон од страна на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“‒ Струга. На 27. IX 2025 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“‒ Струга.






