Протоереј Стевче Тошевски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево
Телефонски број: 078 330 446
Раѓање и школување
Роден е во 1964 година во с. Добрушево – Битолско, од родители Александар и Славка Тошевски. Основно образование завршил во с. Добрушево во 1979 година, а средно образование во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 1983 година.
Ракополагања
На 2. VIII 1986 година во храмот „Св. Ѓорѓи“ во Струга од страна на митрополитот Тимотеј е ракоположен во ѓаконски чин. На 8. VIII 1986 година од страна на истиот митрополит е ракоположен во свештенички чин во манастирот „Св. Петка“ – с. Велгошти.






