Свештеник Ристо Камбуроски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево
Телефонски број: 078 330 441
Раѓање и школување
Роден е на 6. I 1973 година во село Горно Крчиште – Р. Албанија, од родители Кочо и Трајанка. Основно и средно образование завршил во Р. Албанија, а во 1993 година се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и завршува во 1997 година.
Ракополагања
На 11. IX 1999 година во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ од раката на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е ракопроизведен за чтец и ипоѓакон и ракоположен за ѓакон. На 12. IX 1999 година е ракоположен за свештеник во храмот „Св. Јован Крстител“ – с. Староец.






