Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион

,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1

На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на преподобниот Прохор Пчински и пренесувањето на моштите на свети Јован Рилски, а по повод 20-годишнината од епископската служба на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше отслужена света архиерејска Литургија во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Брегалнички г. Иларион, Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Дебарско-кичевски г. Георгиј, како и со Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Стобиски г. Јаков, и со свештенослужители на МПЦ-ОА.

На крајот од светата Литургија, пригодна и боговдахновена беседа произнесе Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан.

По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архиереите на МПЦ-ОА, изврши чин на осветување на камен-темелникот за изградба на Митрополијата на Брегалничката православна епархија, во н. Пролет во Штип.

На Митрополитот Брегалнички г. Иларион, му упатуваме искрени честитки, со молитвени желби за здравје, долг живот и благословена архипастирска служба.

На многу години!

  1. Седален од Утрената богослужба на 5-ти глас.   ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ