Осветување на камен-темелник на новата фабрика на „АСП-ПАК“

Денес, на 9 ноември 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на камен-темелникот на новата фабрика на компанијата „АСП-ПАК“ во Охрид.

На свечениот настан присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, г. Александар Николоски, како и градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил Пецаков.

На сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект, Митрополитот Георгиј им посака успех и напредок, изразувајќи молитвена желба започнатото дело, со Божја помош, да биде благословено и да придонесе за развојот и доброто на градот Охрид и неговите жители.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ