Поука од Преподобен Јустин Ќелиски

Сите сонца и сите ѕвезди не вредат колку една душа. Ако човекот ја истроши својата душа во пороци и гревови, нема да може да ја откупи, па дури и да стане господар на сите сончеви системи… Овде на човекот му е оставен еден излез, само еден, и друг нема. Еве го излезот: Богочовекот Христос е единственото осигурување за човековата душа, осигурување за бесмртност и вечност. Со нештата не се осигурува душата, туку се поробува. Богочовекот го ослободува човекот од тиранијата на тварта. Над Христовиот човек нештата немаат власт, туку тој има над нив. На сите нешта тој им ја одредува вистинската вредност, бидејќи сѐ оценува со Христова оцена. А бидејќи во Христовиот ценовник човечката душа има неспоредливо поголема вредност од сите битија и нешта, така и православниот човек сета своја грижа, сето свое внимание ѝ го посветува на душата. Зашто православната култура е, пред сè, култура на душата.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК