Почитувани верници,
На 19 октомври, Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот апостол Тома.
По тој повод, на 18.10.2026 година, во пресрет на празникот, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево, беше отслужена празнична Вечерна богослужба.
Торжеството продолжи наредниот ден, на 19.10.2026 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата, беше одржано и редовното годишно свештеничко собрание. Со благослов на Митрополитот Георгиј, оваа година предавање на тема „Ин витро оплодување“ одржа ѓаконот доц. д-р Стефан Гоговски, продекан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.



























