Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци.“1
На 14.10.2026 година, на денот кога го празнуваме Покровот на Пресвета Богородица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид.
На крајот од светата Литургија, архимандритот Нектариј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во коешто го истакна значењето на личноста на Пресвета Богородица, нејзината целосна послушност и предаденост на Бога, како и нејзиното непрестајно застапништво за целиот човечки род пред престолот на нејзиниот Син, нашиот Господ Исус Христос.
Нека е за многу години!















- Песна од канонот на Утрената богослужба од празникот Покров на Пресвета Богородица. ↩︎






