Ниту ѕидовите, ниту раскошниот мебел не го прават домот дом. Богатите во величествените вили може никогаш да не знаат за дом. Но таму каде што се добрите односи, каде што љубовта го држи семејството заедно и кон Бог, таму секогаш ќе има среќа. Зашто добрите односи се насекаде небо.
Поука од Свети Серафим Саровски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Евхаристиско собрание во чест на светите апостоли Вартоломеј и Варнава
,,Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.”1 На 24.06.2026 година, на споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија…
-
Соопштение по повод чествувањето на споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава
Почитувани верници, На 24.06.2026 година (среда), кога Светата Црква го празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“ во с. Годивје ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, со почеток во 8:45 часот. На многу години! Споделете
-
Осветување на нови камбани во храмот ,,Света Богородица Перивлепта” во Охрид
На 18.06.2026 година, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на три нови камбани, дарувани за потребите на храмот и за духовна полза на верниот народ. Нека нивниот милозвучен звук, излеан како повик за молитва и духовно будење, постојано го собира и укрепува верниот народ, сведочејќи за…
-
Свети Свештеномаченик Еразмо Охридски
„Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога,…
-
Осветување на камен-темелник на храмот „Свети Јован Крстител“ во с. Кнежино, Кичево.
На 14.06.2026 година, во Втората недела по Педесетница и на денот кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на свети Јован Крстител во с. Кнежино, Кичево. Со овој свечен чин беше означен почетокот…





