Значи, она што Бог го создал ,,добро”, не може да биде сменето од страна на ѓаволот, луѓето или некој друг фактор. Кога Христос дошол, имал сила, како Господар на сѐ, да го смени дури и законот на созданието, ,,бидејќи заповеда и сѐ се создаде”. Тој е Творецот. Но, сепак, за да ја докаже Својата Божја величественост, навести дека треба да дојде до враќање таму каде што дојде до пад. Беше принуден да ја земе нашата природа, да ја покаже несебичноста што е незамислива за словесните битија и да нѐ убеди, во пракса, дека нашето обновување може да успее само на таков начин.
Поука од Старец Јосиф Ватопедски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Свети Свештеномаченик Еразмо Охридски
„Откако се покажа како љубител на Господа, и крстот го зеде на рамо, си Го следел Него и животот си го завршил; Евангелието си го објавил јасно и вистински, во Охрид си ги просветлил сите народи; затоа, удостоен со божествени венци, си примил смелост, преславен ерарху! Поради тоа те повикуваме: Моли се на Христа Бога,…
-
Осветување на камен-темелник на храмот „Свети Јован Крстител“ во с. Кнежино, Кичево.
На 14.06.2026 година, во Втората недела по Педесетница и на денот кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на свети Јован Крстител во с. Кнежино, Кичево. Со овој свечен чин беше означен почетокот…
-
Известување по повод чествувањето на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски
Почитувани верници, МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична…
-
Средба на Митрополитот Георгиј со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка
На 11.06.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка. Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер.…
-
Недела на Сите Светии
На 07.06.2026 година, во Неделата на Сите Светии, во манастирот посветен на „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Споделете





