„Како првини на природата, Засадителу на тварта, вселената Ти ги принесува, Господи, Твоите богоносни маченици. По нивните молитви, Многумилостиве, во длабок мир запази ја Црквата Твоја и народот Твој, преку Богородица.“1
На 4.10.2026 година, во Неделата по Крстовден, а воедно и во Неделата посветена на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Дебарско-кичевски г. Георгиј; со Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Делчевско-каменички г. Марко, како и во молитвено присуство на Епископот Хераклејски г. Климент – чиноначалствуваше на Светата Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Со ова литургиско собитие, на кое присуствуваше и многуброен верен народ, впрочем, беше одбележана и 40-годишнината од епископската служба на Архиепископот Стефан.
На Неговото Блаженство од сѐ срце му ја честитаме годишнината и му посакуваме уште многу плодотворни архипастирски благолетија.





































- Кондак на Неделата на Сите светии. ↩︎






