Поуки
-
Поука од Свети Григориј Палама
Објавено на:
Нека твојот пост биде како гулабица што носи маслиново гранче и ти јавува радосна вест за ослободување од потопот.
-
Поука од Свети Јован Златоуст
Објавено на:
Бог нѐ сака повеќе од татко, мајка, пријател, или кој било друг, па дури и повеќе отколку што самите можеме да се сакаме.
-
Поука од Свети Нил Подвижникот
Објавено на:
Значи, повеќе не бараме едноставност и простодушност во животот. Повеќе не ја вреднуваме тишината, која ни помага да се ослободиме од нечистотиите во минатото, туку претпочитаме цел вагон работи што бескорисно нѐ расејуваат од нашата вистинска цел. Борбата за материјални имоти нѐ направи да го заборавиме советот на Господ, Кој нѐ советуваше воопшто да не…
-
Поука од Преподобен Алексиј Сенакскиј
Објавено на:
Секој што Го љуби Бог во време на жалости и искушенија се покажува како трпелив и непоколеблив, и оној што упорно ги претрпува, станува духовно силен и послушен на Бог, а оној што застанал на патот на следење на волјата Божја, тој ја победил својата природна слабост. А, напротив, оној што не го сознава своето…
-
Поука од Преподобен Јован Пророк
Објавено на:
Смирението се состои во тоа во никој случај да не се сметаш себеси за нешто, во сѐ да ја отсекуваш својата волја, на сите да им се покоруваш, без вознемирување да го поднесуваш тоа што ќе ти дојде однадвор. Такво е вистинското смирение, во кое нема место за суета. Смирениот не треба да се труди…
-
Поука од Свети Нектрариј Егински
Објавено на:
Христијани, ја сфативме ли големата одговорност што ја зедовме пред Бог преку Крштението? Дали познавме дека мора да се однесуваме како деца Божји, дека мора да ја усогласиме нашата волја со Божјата волја, дека мора да се ослободиме од гревот, дека мора да Го возљубиме Бог со сето наше срце и дека секогаш трпеливо мора…
-
Поука од Свети Ефрем Сирин
Објавено на:
Блажен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи во себе Го носи Бог. Во кого е љубовта, тој заедно со Бог е над сè. Во кого е љубовта, тој не се плаши; од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние што клеветат не ги слуша, не…
-
Поука од Преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички
Објавено на:
Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да не укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле напамет. Такво нешто, било да чуеме отстрана, било да…
-
Поука од Свети Јован Касијан
Објавено на:
Без разлика што го предизвикало, гневот секогаш ги заслепува очите на душата, оневозможувајќи ги да Го видат Сонцето на правдата.
-
Поука од Свети Николај Велимировиќ
Објавено на:
Многумина се жалат против технологијата. Многумина ја обвинуваат модерната технологија за сите несреќи во светот. Дали технологијата навистина е виновна, или оние што ја создаваат технологијата и ја користат? Дали древниот крст е виновен ако некој распне некого на него? Дали чеканот е виновен ако некој му ја скрши главата на својот сосед? Технологијата не…