Христијани, ја сфативме ли големата одговорност што ја зедовме пред Бог преку Крштението? Дали познавме дека мора да се однесуваме како деца Божји, дека мора да ја усогласиме нашата волја со Божјата волја, дека мора да се ослободиме од гревот, дека мора да Го возљубиме Бог со сето наше срце и дека секогаш трпеливо мора да очекуваме заедница со Него? Дали сме помислиле на фактот дека нашето срце треба да биде исполнето со љубов што треба да се прелева и на нашиот ближен? Дали го имаме чувството дека мора да станеме свети и совршени, деца Божји и наследници на Царството Небесно? Мора да се подвизуваме за ова, за да не се покажеме недостојни и да бидеме отфрлени. Никој од нас да не ја изгуби смелоста, ниту да ја занемари својата должност, ниту да се исплаши од тешкотиите на духовната борба. Зашто Го имаме Бог за помошник, Кој нѐ утврдува на тешкиот пат на добродетелта.
Поука од Свети Нектрариј Егински
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Средба на Митрополитот Георгиј со градоначалникот на Општина Вевчани
На 02.11.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и…
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…
-
Преподобна Параскева Петка Епиватска
,,Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите.“1 На 27.10.2026 година, на споменот на преподобната Параскева Петка Епиватска, во храмот ,,Света…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…
-
За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски. На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на…





