Поуки

  • Поука од Свештеноисповедник Сергеј (Правдољубив)

    Ако имаш грешна навика да ги осудуваш луѓето, тогаш, кога ќе осудиш некого, направи во тој ден три земни поклони со оваа молитва: „Спаси го, Господи, и помилуј го тој и тој (оној што си го осудил), и по неговите молитви помилуј ме мене, грешниот.“ И така прави секогаш кога ќе осудиш некого. Ако го…


  • Поука од Фјодор Достоевски

    Љуби го сето Божјо создание, целото и секое зрно песок. Љуби го секое ливче, секој зрак на Божјата светлина. Љуби ги животните, љуби ги растенијата, љуби го сè. Ако љубиш сè, ќе ја согледаш божествената таинственост на нештата.


  • Поука од Свети Генадиј Константинополски

    Не вели: ,,Многу згрешив и затоа не можам да припаднам кон Бог”. Не очајувај; само не ги умножувај гревовите отсега, и со помош на Семилостивиот нема да бидеш посрамен. Зашто Он рекол: „Оној што доаѓа при Мене, нема да го избркам надвор.“ И така, ревнувај и верувај дека Он е чист и дека ќе го…


  • Поука од Ава Марко

    Оној што живее во грев не може сам да ја победи телесната волја затоа што во себе има всадена непрестајна склоност кон страстите. Бидејќи страсни, ние треба да се молиме и да се потчинуваме. Зашто, само со туѓа помош човек може да се избори со страстите кои станале навика. Оној што против својата волја се…


  • Поука од Ава Пимен

    Немој да сметаш на себе во ништо, туку прилепи се за оној што живее побожно.


  • Поука од Преподобен Варсонуфиј Велики

    Сè треба да се прави со расудување и да се одредува својата мера, за потоа да не се збунуваш. Да се прави преку сила милостина, пост или нешто друго е безрасудно, бидејќи оној што го извршува тоа го води кон забуна, униние и ропот. И Бог го сака тоа што е според силата на човекот.


  • Поука од Свети Тихон Задонски

    Дај ми уши да Те чујам, очи да Те видам, вкус да се причестам со Тебе, мирис за да Те вдишам. Дај ми стапала за да чекорам кон Тебе; усни да зборувам за Тебе, срце да стравувам и да Те љубам. Научи ме на Твоите патишта, о Господи, и ќе одам во Твојата вистина. Зашто…


  • Поука од Свети Николај Жички

    Исто како што луѓето не одат во војна за да се насладуваат со неа, туку за да се спасат од истата, така и ние доаѓаме во овој свет не за да се насладуваме со него, туку да се спасиме од него. Луѓето одат во војна поради нешто поголемо од војната; така и ние доаѓаме во…


  • Поука од Свети Нектариј Егински

    Колку само се лажат оние што бараат среќа надвор од себе – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања, во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце – тоа е исто како да градиш дом…


  • Поука од Свети Макариј Оптински

    Моли се едноставно. Во своето срце не очекувај да најдеш некаков особен дар на молитва. Сметај се себеси за недостоен за тоа – тогаш ќе најдеш мир. Искористи ја празната, ладна сувост на твојата молитва како храна за твоето смирение. Постојано повторувај: ,,Не сум достоен, Господи, не сум достоен!” Но смирено кажувај го, без вознемиреност.…