Значи, повеќе не бараме едноставност и простодушност во животот. Повеќе не ја вреднуваме тишината, која ни помага да се ослободиме од нечистотиите во минатото, туку претпочитаме цел вагон работи што бескорисно нѐ расејуваат од нашата вистинска цел. Борбата за материјални имоти нѐ направи да го заборавиме советот на Господ, Кој нѐ советуваше воопшто да не мислиме на земното, но да го бараме само Царството Небесно. И покрај сето ова, ние насобираме колку што можеме повеќе земја, купуваме стада овци, убави волови и дебели магариња… Ги одбираме и умењата што ни носат најмногу добивка, иако го бараат целото наше внимание и не ни оставаат време за сеќавање на Бог. Како да сме Го обвиниле Бог дека е неспособен да се грижи за нас, или како да сме се обвиниле самите себе дека не можеме да ги исполниме должностите на нашиот повик. Дури и ако отворено не го признаваме ова, нашите дела нѐ осудуваат; зашто ги оправдуваме патиштата на световните луѓе со тоа што се вплеткуваме во истите занимања, а можеби и работејќи на истите уште повеќе од нив.
Поука од Свети Нил Подвижникот
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…
-
Преподобна Параскева Петка Епиватска
,,Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите.“1 На 27.10.2026 година, на споменот на преподобната Параскева Петка Епиватска, во храмот ,,Света…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…
-
За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски. На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на…
-
Спомен на светиот апостол Тома и годишно свештеничко собрание
Почитувани верници, На 19 октомври, Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот апостол Тома. По тој повод, на 18.10.2026 година, во пресрет на празникот, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево, беше отслужена празнична Вечерна богослужба. Торжеството продолжи наредниот ден, на 19.10.2026 година, кога беше отслужена света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше…





