Не вели: ,,Многу згрешив и затоа не можам да припаднам кон Бог”. Не очајувај; само не ги умножувај гревовите отсега, и со помош на Семилостивиот нема да бидеш посрамен. Зашто Он рекол: „Оној што доаѓа при Мене, нема да го избркам надвор.“ И така, ревнувај и верувај дека Он е чист и дека ќе го очисти оној што Му се приближува. Ако сакаш да принесеш вистинско покајание, покажи го на дело. Ако се каеш поради гордост, покажи смирение; ако е поради пијанство, покажи трезвеност; ако е поради блуд, покажи чистота на животот. Зашто е речено: „Бегај од зло и прави добро.“
Поука од Свети Генадиј Константинополски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Недела на Сите Светии
На 07.06.2026 година, во Неделата на Сите Светии, во манастирот посветен на „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Споделете
-
Литургиско сослужување во храмот ,,Света Богородица Перивлепта”
На 06.06.2026 година, на споменот на преподобниот Симеон Столпник Дивногорец, св. Мелетиј Стратилат и св. Никита Столпник, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Востронски г. Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и…
-
Понеделник на Светиот Дух – Втор ден Духовден
,,Во Твоите дворови, Господи, со преклонети колена на душите и телата, ние верните Те воспеваме Тебе, беспочетниот Отец, и собеспочетниот Син, и совечниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши.“1 На 01.06.2026 година, во вториот ден од празнувањето на празникот Педесетница, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија,…
-
Недела на св. Педесетница – Духовден
„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.“ 1 На 31.05.2026 година, педесет дена по Христовото Воскресение, на денот кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во…
-
Вознесение Христово – Спасовден
,,Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Синот Божји, Избавителот на светот.”1 На 21.05.2026 година, на четириесеттиот ден по Христовото Воскресение, кога светата Црква го празнува Вознесението на нашиот Господ Исус Христос, како и споменот…





