Доколку нашата природа не ја прими благодатта на Духот Свет, тогаш не може ни да се помисли, ни да се направи нешто, што било достојно за Царството Божјо, не може да се исполни ни една заповед заповедана од Христос… Зашто во секој христијанин Христос е тој што војува и победува, и Он е Тој што го призива Бог и кој се моли, и кој благодари – сето тоа се дејства на Христос, радувајќи се и веселејќи се кога ќе види дека во секој христијанин и го има и пребива тоа убедување, дека Христос е Он Кој го прави сето тоа. Затоа, секој христијанин, за сите добри дела што ги прави, треба да кажува дека нив ги прави Христос, а не тој; кој не мисли така, напразно се нарекува себеси христијанин.
Поука од Свети Симеон Нов Богослов
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Поука од Свети Силуан Атонски
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата…
-
Поука од Свети Силуан Атонски
Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и…
-
Иницијативна работна средба меѓу Митрополитот Георгиј и претставници на МАНУ
На ден 21.07.2026 година во просториите на Дебарско-кичевската епархија во Охрид се оствари работна средба помеѓу Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ претставувани од раководителот, академик Вера Битракова Грозданова и дописниот член Сашо Цветковски со надлежниот Митрополит г. Георгиј. Споделете
-
Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград
„Реките со чудеса, Богородице, кои течат од од твојот сечесен ковчег како од рајот и кои им излеваат благодети на оние кои те почитуваат верно, го напојуваат лицето на земјата. Затоа те воспеваме, и верно те фалиме, и со благодарност постојано викаме: Радувај се, единствена надеж на оние кои те воспеваат!“1 На 14 и 15…
-
Свети Бесребреници и Чудотворци Козма и Дамјан
„Откако од севишната промисла ја нацрпивте бездната на исцеленија, на сите верни им точите исцеленија, бесребреници! Преку вашите таинствени дејства, натприродно ги лекувате болките на болните, препишувајќи им спасоносни лекови од ризниците на Духот. Затоа, како чесен храм на Живоначалната Троица, Која во вас очигледно си направи Свој дом, молете Ја да ги спаси душите…



