Честата и правилно извршена молитва на почетокот е полна со расејаност, невнимание, сувост и студеност. Вниманието, топлината и пламенот се, пак, Божји дар, кој ѝ се дава на душата во свое време, доколку се труди во честата молитва. Треба да го насочиме вниманието и да се потрудиме да ја здобиеме количината, т.е. да се молиме често, да се молиме на секое место, во секое време и во сите околности, да го држиме својот ум во зборовите на молитвата и ,,да не дозволиме да нè носи виорот на штетните помисли”, според зборовите на свети Симеон Нов Богослов. Ние не треба да му дозволиме на умот да се занимава со смрдливите фантазии и празни помисли, бидејќи според учењето на Светите Отци, при отсуство на секојдневното размислување за Бог, умот им се препушта на фантазиите и се валка, сквернави, па и душата е во допир со секоја нечистотија.
Поука од Старец Јован Рижиски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Свето Преображение на Господ Исус Христос
„Светлино неизменлива, Слове, на неродениот Отец Светлина, во Твојата светлина, денес на Тавор покажана, ја видовме и Светлината на Отецот, и Светлината на Духот, Кој во светлина го води сето создание.“ 1 На 19.08.2026 година, на денот кога го празнуваме светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше…
-
Соопштение по повод чествувањето на Христовото Преображение
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на празнувањето на споменот на светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. По повод празникот, на 19.08.2026 година (среда), во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Со…
-
Празнично торжество во чест на свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и светиот великомаченик Пантелејмон
„Свештенотајнику, откако си проникнал во бездната на Божјата Премудрост, богатството на божествените Писанија оттаму си ги нацрпил, со кое елинскиот глас, со словенски јазик си го појаснил, семудри Клименте. Затоа со љубов те славиме.“ Прославата на светиот Климент Охридски, на светите Седмочисленици и на светиот великомаченик Пантелејмон започна на 08.08.2026 година, кога во манастирот посветен…
-
Слово на Архиепископот Стефан изговорено на Светата Литургија на празникот Свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и свети великомаченик Пантелејмон
† Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски НАШИОТ ВЕКОВИТ УЧИТЕЛ[1] Со денешнава Света Литургија, којашто, еве, заедно ја отслуживме во овој велелепен храм, молитвено одбележавме две годишнини – 1140 години од враќањето на светите Климент и Наум во Македонија и во Охрид, и 1110 години од упокојувањето на свети Климент, кој бил погребан овде, во својот…
-
Спомен на светата преподобномаченица Параскева Римјанка
,,Девственомаченице, сеславна страдалнице Параскево, со твоите молитви кон Господа, моли се да бидеме избавени од искушенија и невољи, и од идната осуда, ние што достојно го празнуваме твојот спомен, сефална маченице.“1 На 08.08.2026 година, во денот кога го празнуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и светиот свештеномаченик Ермолај, во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти,…





