Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да не укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле напамет. Такво нешто, било да чуеме отстрана, било да се зачне во нашиот ум, доаѓа од лукавиот, кому му пречи нашиот успех, зашто добро знае дека тоа е света работа и претставува чисто богатство кое се чува на небото. А сатаната оттаму не може да го грабне. Патиштата што водат кон Бога и нашиот Спасител во својата основа се прости и едноставни. Нив ги компликува, отежнува или оневозможува нашето сладострастие и неумерените животни желби, кои невнимателно и потсвесно стапуваат во контакт со непријателот на нашето спасение. Па поради тоа, молитвата кон Бога претставува не само леб на душата, туку нешто повеќе од тоа – нејзин живот. А Бог, кој ги знае и гледа нашите потреби и желби, ќе направи она што секој татко би го направил за своето добро и послушно дете, зашто Бог е Татко на татковците. Татко на сите.
Поука од Преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител и три нови монашења
,,Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку лажниот и привремениот.”1 На 10.09.2026 година, на денот кога се сеќаваме на…
-
Успение на Пресвета Богородица
,,Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.”1 Празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица, нашиот Покров и постојана молитвеничка пред Бога, започна на 27.08.2026 година со празнична…
-
Известување по повод празнувањето на Успението на Пресвета Богородица
Почитувани верници, Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено учество во празничното торжество по повод празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, на 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс
На 20.08.2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г-ѓа Никол Варнс. На средбата беше разговарано за богатото духовно и културно наследство на Охрид, градот кој со векови претставува едно од најзначајните духовни средишта на православното христијанство и нераскинлив дел од…
-
Свето Преображение на Господ Исус Христос
„Светлино неизменлива, Слове, на неродениот Отец Светлина, во Твојата светлина, денес на Тавор покажана, ја видовме и Светлината на Отецот, и Светлината на Духот, Кој во светлина го води сето создание.“ 1 На 19.08.2026 година, на денот кога го празнуваме светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше…





