Блажен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи во себе Го носи Бог. Во кого е љубовта, тој заедно со Бог е над сè. Во кого е љубовта, тој не се плаши; од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние што клеветат не ги слуша, не се натпреварува, не завидува, не се радува на туѓите плодови, не го оцрнува оној што паднал, но сочувствува со него и му помага, не го презира братот што има потреба од нешто, но се застапува и готов е да умре за него. Во кого е љубовта, тој ја исполнува волјата Божја.
Поука од Свети Ефрем Сирин
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Средба на Митрополитот Георгиј со градоначалникот на Општина Вевчани
На 02.11.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и…
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…
-
Преподобна Параскева Петка Епиватска
,,Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите.“1 На 27.10.2026 година, на споменот на преподобната Параскева Петка Епиватска, во храмот ,,Света…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…
-
За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски. На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на…





