Нека се радува сега сета твар, нека слави природата: ,,Росете, небеса, одозгора, и облавите нека изливаат правда” (Иса. 45, 8), ,,и горите ќе пуштат гроздов сок” (Амос 9, 13); ,,воскликнете од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ” (Иса. 49, 13); и нека подигне ,,рог за нашет оспасение, во домот на Давид, Својот слуга” (Лука 1, 69), пренепорочна и безмажна мајка, од Која се роди Христос, надеж и спасение на народите. Нека ликува сега секоја благодарна душа и нека природата ја повика тварта на свое обновување и пресоздавање. Неплодни, брзо собирајте се: зашто бездетната и неплодна роди божествен младенец – Дева. Мајки, радувајте се: мајка што не родила, роди нетлена Мајка и Дева. Девојки, радувајте се: ненасеана земја, неискажливо Го порасна Оној Кој се раѓа од Отецот. Жени, славете; жената во дамнина даде повод за грев и истата таа ја прими првината на спасението; жената, осудена од дамнина, се покажа оправдана од Бог, стана безмажна Мајка, избрана од Создателот, обнова на (човечкиот) род. Секое создание да славослови и да ликува, и да принесува дар, достоен за овој ден. Нека биде сега една, заедничка свеченост, и на небото и на земјата. Заедно нека празнува сè што е во светот и што е вон светот.
Поука од Свети Андреј Критски
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Известување по повод празнувањето на св. мч. Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Почитувани верници, На 30 септември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија. По повод празникот, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. На многу години!…
-
Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
,,Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните.“ На 27 септември 2026 година, во денот кога го празнуваме славното Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Охрид, беше…
-
Соопштение по повод празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
Почитувани верници, На 27 септември си спомнуваме за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден. Дебарско-кичевската епархија со духовна радост ве поканува да го прославиме овој велелепен празник, во кој се воздигнува Чесниот и Животворен Крст, сеќавајќи се на доброволната жртва на Оној Кој, од љубов кон човекот, се прикова на него. Во…
-
Гласот на грижливата внимателност
Книгата претставува вредно духовно дело на архимандрит Лазар (Абашидзе), посветено на послушанието и духовното раководство во православниот духовен живот. Потпирајќи се на учењето на свети Игнатиј Брјанчанинов и на сведоштвата на светите отци, авторот го разгледува односот меѓу духовниот отец и неговото духовно чедо, значењето на расудувањето и опасностите од неправилното разбирање на послушанието. Делото…
-
Од печат излезе новото издание на Дебарско-кичевската епархија – „Гласот на грижливата внимателност“
Почитувани верници, Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, од печат излезе новото издание на Дебарско-кичевската епархија – „Гласот на грижливата внимателност“ од архимандритот Лазар (Абашидзе). „Гласот на грижливата внимателност“ е вредно духовно четиво посветено на едно од најзначајните и воедно најчесто погрешно разбрани прашања во православниот духовен живот: послушанието и духовното раководство.…




