Македонија оваа година по 43-ти пат, во базиликата „Свети Климент-Римски“ во Рим, го чествуваше споменот на сесловенските равноапостоли и просветители светите Кирил и Методиј. Македонската државна делегација беше предводена од Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Велјаноски, додека, пак, црковната делегација ја предводеше Митрополит г. Тимотеј. На 24 мај 2010 година, денот кога се слави споменот на светите браќа Кирил и Методиј, во базиликата свети Климент-Римски, на гробот кадешто почиваат моштите на свети Кирил се служеше молебен со кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: јереите Михајло и Климент, свештеници во северниот дел на Република Италија и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Голем број македонски граѓани кои живеат и работат во Република Италија, организирано со 5-6 автобуси дојдоа во Рим, а исто така и ученици од Република Македонија кои беа дојдени на екскурзија во Италија, присуствуваа на молебенот, молитвено изразувајќи ја својата почит кон светите браќа Кирил и Методиј.

Running sport media | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...

На 15 мај 2010 г., во црквата свети Георгиј во Струга, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј изврши света тајна Венчание врз Цветлана и Николче Танаскоски, син на протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, Архиерејски намесник на струшкото намесништво и еден од најпочитуваните и најценети свештеници во Дебарско-кичевска епархија.

latest Nike Sneakers | Men's Sneakers
Повеќе...

По повод празникот посветен на свети Атанасиј Александриски (летен), кој се празнува на 15 мај, во манастирот „Св. Атанасиј“ , метох на Светинаумовата обител, се служеше света архиерејска Литургија. Со светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“, игумен Јосиф, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта, јереј Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевска епархија и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Култот кон свети Атанасиј во овие краишта е голем, не само кај православните верници од Македонија, Охрид и околината, но исто така и кај православните верници од соседна Република Албанија, та сите заедно молитвено собрани дојдоа да го прославават овој светител и да го помолат заедно со свети Наум  да ни бидат  застапници пред Престолот на Севишниот Бог. После завршувањето на Литургијата, Владиката зедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничниот леб.

Nike Sneakers | Nike
Повеќе...

Вознесение Христово – Спасовден, торжествено со празнични богослужби беше прославен во сите цркви и манастири во Дебарско-кичевска епархија. По тој повод, надлежниот Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен Јосиф, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски, во манастирот „Вознесение Христово“, во с. Горно Лакочереј – Охрид, служеше света Литургија. После завршувањето на Литургијата, во дворот на манастирот се изврши мал Водосвет и се освети и прекрши празничниот леб, по што свештенослужителите заедно со верниците направија Литија околу храмот, а оттука со литијни песни и молитви се упатија во полето, каде што меѓу другото, од Бога се  просеше да даде сè што е потребно за да се роди жито во изобилие. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

jordan Sneakers | Nike Air Max

Повеќе...

Во неделата на 09 мај 2010 година, недела на Слепиот, во црквата „Св. Богородица-Каменско“ во Охрид, се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополит г. Петар во сослужение на надлежниот Митрополит г. Тимотеј како и повеќемина свештенослужители. На божествената Литургија присуствуваа: Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници од Руската православна црква возглавени од Архиепископ Јарославски и Ростовски г. Кирил, Архиепископ Филиополски г. Нифон, претставник на Антиохиската православна црква и Митрополит г. Теофил, претставник од Сиро-јаковитската црква.

Nike air jordan Sneakers | Men’s shoes

Повеќе...
Страница 257 од 281

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31