Празникот на светите апостоли Петар и Павел, во Дебарско-кичевска епархија со света божествена архиерејска Литургија беше прославен во истоимениот храм во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј Војне Ристески, јереј Стевче Тошески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Верниот народ, кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Телото и Крвта Христова. После завршувањето на Литургијата, Владиката заедно со свештенослужителите излегоа во дворот на црквата каде се изврши мал Водосвет и се благослови и прекрши празничниот леб. Кон многубројниот верен народ, Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

Nike shoes | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp
Повеќе...

Празникот посветен на преподобниот Наум Охридски Чудотворец, во Дебарско-кичевска епархија торжествено со празнични богослужби беше прославен во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Вечерта, на 02.07.2009 г., со почеток во 19 часот започна празничната Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит повардарски г. Агатангел во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован- Бигорски“, како и повеќемина други свештенослужители од епархијата.

best Running shoes brand | Nike Shoes
Повеќе...

Во првата недела по Педесетница, недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани, Охридско, се отслужи света божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон мноштвото верен народ владиката се обрати со празнично слово. По завршувањето на светата Литургија, во дворот на манастирот се изврши мал Водосвет и се благословија и освети ја празничните лебови.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
          „Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен“ (Мат. 10, 32).

 

Nike shoes | New Balance 991 Footwear
Повеќе...

На 08 јуни 2009 година, втор ден Духовден, во катедралната црква света Софија во Охрид се служеше света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Сашо Богданоски, свештеник Ромео Петрески, свештеник Димче Ѓорѓиески, свештеник Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово.

jordan Sneakers | Releases Nike Shoes
Повеќе...

На Педесетница – Духовден, во црквата „Света Троица“ во Охрид, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи света Литургија. По завршувањето на Литугијата, според типикот на Црквата се отслужи и Вечерна богослужба. После завршувањето на богослужбата, Владиката заедно со останатите свештенослужители излегоа во дворот на црквата каде што се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

spy offers | Sneakers Nike Shoes
Повеќе...
Страница 271 од 284

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5