
На 29.10.2023 година, во Дваесет и првата недела по Педесетница и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, во храмот "Пресвета Богородица и св. вмч. Ѓорѓи" во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештениците Јован Димитров од Руската задгранична црква и Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.