„Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нѐ и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2021 година, денот кога си спомнуваме на празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 04.10.2021 година, во Господа се упокои протоерејот-ставрофор Стојан Јанковски од Скопје, долгогодишен работник на нивата Господова, и тоа како секретар на САС на МПЦ-ОА, потоа како парохиски свештеник, а и како воспитувач во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, отслужи Трисагија за покој на неговата душа. Семилостивиот Господ да му ги прости сите животни прегрешенија и да ја всели неговата душа во живеалиштето на праведниците.

Повеќе...

Бидејќи постојат премногу јасни сведоштва, нема да ја бараме од другите вистината, која лесно може да се добие од Црквата. Таму апостолите, како богат човек кој дава залог, во целост ѝ го дарувале сето она што припаѓа на вистината, така што секој кој сака може да ја прими водата на животот од неа (св. Иринеј Лионски).

 

Борејќи се со еретиците кои го негирале преданието од апостолите, на овој начин и со вакви зборови светиот Иринеј и другите апологети од првите векови ја разбирале и ја бранеле Црквата и преданието. Тоа, пак, Предание, апостолите го предале на свите наследници - епископите, преку кои до денеска се чува неповредено во Црквата. И нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија, иако минувајќи по трнлив голготски пат, имајќи го овој апостолски залог, предаден преку Светиот Дух, до денеска се одржала во вистината, до денеска ја пие таа вода на животот. Иако ни се чини млада во своето возобновување, веќе почнуваме да славиме и голеи јубилеи на оние кои не само што се бореле за нејзино зачувување, туку успеале да го запазат неповредено тој апостолски залог и да ни ја предадат вистината на сите нас кои сме дел од неа: свештенството, монаштвото, верниот народ. Сите ние заедно, денеска станавме сведоци на еден таков голем историски Јубилеј, голем и историски не само за нашата Црква, но и за нашата Татковина. Имено, денеска го прославивме големиот Јубилеј 40 години архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Овој Јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач Митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света Црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог.

Повеќе...

Почитувани, во прилог Ви го пренесуваме Соопштението од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид, по повод големиот Јубилеј 40 години Архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. 

Повеќе...

„Чесните млади девици ги избегнаа отровните ласкања на мачителот, ранети од Твојата љубов, Христе, и од Твојата Божествена утеха“ (песна од канонот на Утрена на св. мч-ца. Софија и трите нејзини ќерки: Вера, Надеж и Љубов).

 

На 30.09.2021 година, на празникот на св. мч-ца. Софија и трите нејзини ќерки: Вера, Надеж и Љубов, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 65 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2