„Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне, нејзината доброплодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да жнеат спасение и да пеат вака: Алилуја!“ (3 Кондак од Акатист на Пресвета Богородица).

Според Типикот на светата православна Црква, за време на Великиот пост, поточно во петоците навечер, верните и вознесуваат молитви на Пресветата Владичица Богородица, која најмногу и постојано се застапува за нас пред Спасителот Христос, како Негова Мајка. На денешниот ден, 07.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Ѓорѓи Блажевски. Верните се помолија на Пресветата и ја целиваа нејзината света икона, барајќи од Мајката Божја закрила и заштита од духовните непријатели.

latest Nike Sneakers | Klær Nike

Повеќе...

„Илија, со постот просветлен, се качи на божествената кола на добродетелите и се вознесуваше на небесната височина: него подражавај го, душо моја смирена, и пости од секоја злоба, и завист, и кавга и од секаква сладост на телесна наслада, за да ги избегнеш тешките маки од вечниот пекол, на Христа викајќи Му: Господи, слава Ти“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од прва среда на Великиот пост).

На 05.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а повеќето од нив, кои држеле и тридневно воздржание од каква и да е храна и питие – тример, пристапија кон светиот Путир.

Sports brands | Womens Shoes Footwear & Shoes Online

Повеќе...

„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (дел од великопосната молитва на св. Ефрем Сирин).

На 02.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, со Вечерната богослужба и со чинот на меѓусебното простување го  започнавме Великиот и спасителен Велигденски пост. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештеник Димче Азески, протоѓакон Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба и откако беше прочитана молитвата на почетокот на Великиот пост, клирот и верниот народ си побараа прошка еден со друг, а Митрополитот Тимотеј им се обрати на верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Nike

Повеќе...

„Да се очистиме, браќа, со царицата на добродетелите (покајанието), зашто, ете, таа дојде, давајќи ни богатства на добра: таа ги лекува раните на страстите и со Господа ги смирува оние што згрешиле; затоа со радост да ја примиме, викајќи кон Христа Бога: Ти, Кој воскресна од мртвите, неосудени запази нè, нас кои Те славиме Тебе, единствениот безгрешен“ (хвалитна стихира на Недела Месопусна).

На 23.02.2104 година, во денот на Месопусната Недела и споменот на светиот свештеномаченик Харалапмиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а истата беше збогатена со прекрасното пеење на двата хора, едниот, помладиот, хорот при храмот „Пресвета Богородица – Каменско“, а другиот - машкиот црковен хор „Св. Климент Охридски“.

Best Nike Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

На 08.02.2014 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржана редовната седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. На состанокот беше усвоена Завршната сметка за 2013 година, а беше одобрен и Предлог буџетот за 2014 година. На состанокот беа разгледани и други тековни прашања од животот на Епархијата, а присутните беа информирани и за повеќето проекти кои се започнати, но и кои треба да започнат во наредниот период. Меѓу другото, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во својство на Претседател на Епархискиот управен одбор, ги информира членовите за изградбата на конаците во манастирот Пречиста Кичевска и во манастирот „Вознесение Христово“ во с. Г. Лакочереј, Охрид, а ги запозна и со идејното решение за изградбата на Црковниот музеј во Охрид.

affiliate tracking url | GOLF NIKE SHOES

Повеќе...
Страница 202 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1