„Денес се изврши големо и преславно чудо: Дева раѓа, а утробата не и се распаѓа; Словото се воплотува, а од Отецот не се одвојува; ангелите слават со пастирите, а ние со нив пееме: Слава на Бога во висините, и мир на земјата“ (стиховна стихира на Вечерна од Божик).

Оној што царува со небесните висини доаѓа при нас, за да ја порази силата демонска, која ги соблазна нашите прародители и нè оддалечи од нашиот Творец. Оној Кој е вечен и постои пред сè, сега го зема нашето создадено слабо тело, за сите да нè приведе кон Живоносната и Незаодна Светлина. Он стана човек, за ние да можеме да станеме богови по благодат. Затоа сите ние да Го примиме Христа во нашите души и срца и да не го одбиваме дарот на Спасителот, Кој ни го даде повторното заедничарење.

Best Authentic Sneakers | Yeezy Boost 350 Trainers

Повеќе...

„Христе Боже, Ти се всели во пештера, јасли Те примија, а пастирите и Мудреците Ти се поклонија. Тогаш се исполнија претскажувањата на пророците, и ангелските сили се восхитуваа, викајќи и говорејќи: Слава му на Твоето понижување, единствен Човекољупче“ (Стиховна стихира на Вечерна од Рождество Христово).

Светата Црква торжествено се подготвува да Го пречека Оној, во Кого се исполнија сите пророчки претскажувања и надежи. Како што од Исток дојдоа Мудреците, за да му се поклонат на сесовршениот Бог, така Црквата го повикува својот народ, да Му се поклони на Оној, Кој се роди од Дева. А верните навистина оставија секаква земна грижа и го преполнија храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, радосно чекајќи да го земат Божикното гранче. На предвечерието на големиот празник Божик, беше отслужена свечена богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, беа осветени бадниковите гранчиња, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...

На ден пред големиот празник на Рождеството Христово, над 120 дечиња од Охрид учествуваа во Бадниковата литија, која во 09.00 часот започна од храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. Дечињата-бадникари пеејќи ја песната Вечниот Бог и носејќи ја импровизираната пештера,  го навестија раѓањето на Спасителот, Кој дојде во овој свет за повторно да го соедини човекот со Бога и да го врати првобитното достоинство на човечкиот род. Свечената литија продолжи на градскиот плоштад, каде беше дочекана од заменик градоначалникот на град Охрид, г-дин Ангел Јанев, како и од други советници на градскиот совет. Литијата заврши во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, каде свештениците на сите учесници им поделија пригодни Божикни подароци. 

Asics shoes | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

Повеќе...

„Преподобен Науме, светлината на твоето учење болсна во земјата Македонска, затоа, како и небото, си ја проповедал славата Господова, светлејќи и самиот ти појасно од Сонцето. Поради тоа си привел кон Христа Бога мноштво Македонци, кои од срце поверуваа. Сега и нив спомни ги, имајќи смелост пред Господа“ (Литиска стихира на преподобен Наум Охридски).

На 05.01.2014 година, во Неделата пред Рождеството Христово, посветена на светите Отци, го прославивме споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Централното празнување се одржа во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Атанас Казанџиски и Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Nike Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

„Мудри Клименте, кој Црквата ја просветли како сонце, во целата вселена испушташ зраци од чудеса, сесвештени отче, славо архиерејска“ (светилен на свети Климент Охридски).

Мудриот архиереј Климент, следејќи ги стапките на своите учители, словенските браќа Кирил и Методиј, ги просветлил словенските народи со зборови и чудеса. Неговите вечни дела: поучувањето на народот, упатувањето на свештениците во Словото Божјо, исцелувањето на болните, па дури и воскреснувањето на упокоените, ги задолжиле сите словенски народи вечно да го прославуваат, но и да ја бараат неговата помош и закрила. Живеејќи и делувајќи во нашите краишта, тој особено нè задолжил нас овде, во свештениот Охрид, но и во целата Македонија. Затоа и ние, неговите верни чеда, секогаш достојно го прославуваме, постојано благодарејќи му, но и молејќи го неговото застапништво пред Престолот на Севишниот Бог.

Sportswear Design | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...
Страница 204 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1