„Оној што држи сè, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение; жените, пак, викаат: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне“ (икос на Велика Сабота).

Sports brands | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite

Повеќе...

„Кога се распна, Христе, загина мачителството, беше уништена силата непријателска; зашто ниту ангел, ниту човек, а самиот Ти, Господи, нè спаси: слава Ти“ (тропар од Првиот час).

На Велики Петок продолжуваме со страдалните богослуженија. На овој ден утрото се служат Царските часови, како и вечерната, а се читаат и страдалните Евангелија, преку кои повторно се потсетуваме на страдањата Христови. На Велики Петок, во текот на вечерната служба, се вади и Плаштаницата, која се поставува на посебно приготвена маса на средината во храмот, која, пак, го симболизира гробот Христов. Откако Христос три години им проповедаше на живите, сега оди и во адот, за и на упокоените да им ја објави победата над смртта.

Sport media | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...

Ако првиот Адам беше непослушен и заради тоа ја „прими смртта како плата за гревот“, сега вториот Адам – Христос, се покорува  и се понизува, станува послушен и Оној преку Кого Бог сè создаде, сега на Крст се распнува. Безгрешниот ги зема гревовите на светот и се принесува како Јагне непорочно за светот.

Во светиот и Велики Четврток вечерта, кога всушност се пее утрената од Велики Петок, си спомнуваме за страшните и спасителни страдања на нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој претрпе тепање, плукање, шлаканици, крст и смрт заради нас грешните. На овој ден се изнесува и Распетието Христово, за целиот народ да му се поклони и да им оддаде почит на Неговите страдања, а се читаат и 12 Евангелија, во кои се опишува неговиот пат до Голгота.

Running Sneakers Store | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

Повеќе...

„Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда – слугата и измамник, не слушна“ (икос на Велики Четврток).

Во светиот и Велик Четврток ги празнуваме: миењето на нозете, Тајната Вечера, свештената молитва и предавството Јудино. На овој ден е востановена светата Евхаристија, Тајната со која Црквата се идентификува, зашто сите што се причестуваат со Телото и Крвта Христови стануваат Негово Тело, Негова Црква, а Он - нивна Глава. Затоа и Христос им заповедал на Своите ученици: „Правете го ова во Мој спомен“, та секогаш да бидеме во Него и Он во нас.

latest Running Sneakers | Entrainement Nike

Повеќе...

Во светата и Велика Среда го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро. Следејќи го примерот на нејзиното покајание, и ние да се покаеме и да ги очистиме нашите тела и души, за достојно да го пречекаме Христовото Воскресение. Влегувајќи, пак, во оваа последна седмица од Великиот пост, треба уште повеќе да ги засилиме нашите молитви и прозби, како и поусрдно учество на светите богослуженија, а особено на светата Литургија.

Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...
Страница 231 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1