„Сите набожно да ја воспееме сечесната Параскева, светата застапница на оние што се неволи, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса“ (кондак на празникот на преподобна мајка Параскева).

На 27.10.2011 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева – Петка, во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов, Игор Никовски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Манастирот беше посетен од многуброен верен народ кој дојде да учествува на светата Литургија и да и оддаде чест на оваа голема подвижничка. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

url clone | Nike News

Повеќе...

На ден 20.10.2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во придружба на д-р Сашо Цветковски, директор на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски, направија посета на неколку храмови во Дебарското архиерејско намесништво. Најпрво го посетија храмот „Св. пророк Илија“ во с. Селце, каде што беа пречекани од г-дин Кирил Јаневски. Храмот е извонреден како архитектонска градба, а, исто така, поседува и други уметнички вредности.

Патувањето продолжи во с. Тресонче, каде беше посетен централниот храм „Св. ап. Петар и Павел“, во чиј двор се наоѓа и гробот на големиот црковен уметник Дичо Зограф и неговиот син Аврам, а беше посетен и помалиот храм „Св. Никола“. Беа разгледани двата храма во присуство на месното население и ангажирањето на г-дин Зоран. Покрај другото, беа дадени и упатства за зачувување и запазување на црковните вредности. Најпосле се посети и храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Гари, каде, исто така, беа дадени упатства за зачувување на сакралното богатство.  

Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

„Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоето доаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј нè, и од секакво зло избави нè, молејќи Го твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси душите наши“.

На ден 14.10.2011 година го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица и си споменуваме за чудото во храмот на Пресвета Богородица во Влахерна, во Цариград. По повод овој празник беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Литургијата беше отслужена во капелата во резиденцијата на нашиот Митрополит Тимотеј, која е и посветена на овој голем празник. Ова празнување нека нè потсети на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и да запомниме дека кога и да го бараме нејзиното покровителство, тој нејзин покров, секогаш ќе нè покрие и заштити од сите наши непријатели.

affiliate tracking url | M2k Tekno

Повеќе...

На ден 04.10.2011 година (вторник), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, заедно со секретарот на Епархијата, свештеник Игор Никовски, беа во посета на с. Мраморец, Охридско. Селото се наоѓа на 1200 метри надморска височина, а поради далечината и условите, луѓето одамна се иселиле од него. Но, и покрај тоа што луѓето кои потекнуваат од ова село живеат на други места, тие со голем труд и посветеност се ангажирале да го обноват селскиот храм „Св. Никола“, а тоа и успешно го направиле. Околу храмот е направена дренажа, обновена е камбанаријата, направен е нов фрескоживопис во целиот храм, а истиот е убаво ограден со камена ограда. Работите продолжуваат со конзервација на иконите и иконостасот и се надеваме дека за кратко време, со пожртвуваноста со луѓето од овој крај, храмот ќе биде доведен во соодветна употреблива состојба.

                                                           

свештеник Никола Христоски
Повеќе...

На 30.09.2011 година го прославуваме споменот на светите мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Овие свети маченички, не само што ги носат имињата на трите најголеми христијански добродетели, туку, полагајќи ги своите животи за Христа, се и вистински пример за секој еден христијанин како треба да се живее според нив. Во нивна чест, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Running | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...
Страница 240 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1