Распоред на архиерејски богослужби во месеците
мај и јуни 2011 година

 

  • 1 Мај, Томина недела – света архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ Долна Маала, Охрид
  • 6 Мај, Ѓурѓовден – света архиерејска Литургија во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ с. Рајчица, Дебар
  • 7 Мај, Св. мч. Сава Стратилат – света архиерејска Литургија во храм „Св. Ѓорѓи“ Струга
  • 7 Мај – вечерна богослуба во храмот „Св. Ѓорѓи“ Струга и празнична литија иконата и светите мошти на св. вмч. Георгиј низ градот Струга
  • 8 Мај, Недела на жени мироносици – света архиерејска Литургија и осветување на храм „Св. Никола“ с. Суводол, Македонски Брод
  • 15 Мај, св. Атанасиј Велики (летен) – света архиерејска Литургија во ман. „Св. Атанасиј“, метох на ман. „Св. Наум Охридски“ Охрид
  • 22 Мај, св. Никола Мирликиски (летен) -  света архиерејска Литургија и преосветување на храм „Св. Никола“ с. Требеништа, Охрид
  • 24 Мај, св. Кирил и Методиј - света архиерејска Литургија во храм „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија
  • 28 Мај, св. Ахил Лариски – света архиерејска Литургија и осветување на храм „Св. Петар и Павел“ с. Велгошти, Охрид
  • 2 Јуни, Вознесение Христово (Спасовден) – света архиерејска Литургија во ман. „Св. Спас“ с. Горно Лакочереј, Охрид
  • 12 Јуни, Света Педесетница (Духовден) – света архиерејска литургија во храм „Св. Троица“ Охрид
  • 13 Јуни, Втор ден Духовден – света архиерејска Литургија во катедрален храм „Св. Софија“ Охрид
  • 14 Јуни, Трет ден Духовден – вечерна богослужба во ман. „Св. Еразмо Охридски“ Охрид
  • 15 Јуни, Св. Еразмо Охридски – света архиерејска Литургија во ман. Св. Еразмо Охридски“ Охрид
  • 19 Јуни, Недела на сите светии – света архиерејска Литургија и преосветување на манастирскиот храм „Сите Светии“ с. Лешани, Охрид
  • 26 Јуни, Втора недела по Педесетница – света архиерејска Литургија во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид.
latest jordans | Air Jordan Sneakers

Светите жени мироносици ни се претставуваат како вистински пример на пожртвувана љубов. Тие, иако речиси и да не се споменати на страниците од светото Евангелие, единствено биле под крстот Христов и се покажале како најверните Христови следбеници. Тие не барале ништо од Спасителот, ни лек, ни слава, ни чудо, туку дошле единствено заради својата љубов кон Него. Решени да дојдат на гробот Христов и да Го помажат Господа, тие сведочат за својот богослужбен начин на живот. Тие жени не ја знаеле смислата на смртта Христова, ниту на идните настани, зашто Бог не им зборувал нив за тоа, но на Апостолите. Но, еве не доаѓаат апостолите, туку овие верни следбенички, жените мироносици. Тоа ја покажува нивната чиста љубов, тоа покажува дека тие навистина Го сакаат Господа, зашто за нив тоа било вистинска смрт, и тоа срамна смрт, смрт на крст.

bridgemedia | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp

Повеќе...

На 07.05.2011 година, по завршувањето на свечената литија (еордија) со иконата и  моштите на св. вмч. Георгиј, во хотелот „Дрим“ во Струга се одржа трибина на тема „Младите и Библијата“. Модератор на трибината беше г-дин Игор Коруноски, а свои излагања имаа г-дин Оливер Димитриески, проф. Петко Златески и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, чие излагање интегрално ви го пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Христос воскресе!

affiliate link trace | Air Jordan

Повеќе...

Голема е славата на св. вмч. Георгиј, на оној кој ги отфрли сите земни почести само за да биде со Христа. Неговиот спомен и неговата маченичка љубов е славена насекаде во светот. И кај нас, денот после празникот на св. вмч. Георгиј на 07.06.2011 година, според традицијата во Струга, се празнуваше овој светител со свечена литија (еордија - празнување) низ улиците и мостовите на овој наш верен град.  Празнувањето започна утрината со свечена архиерејска Литургија во храмот „Св. Ѓорѓи“ на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Попладнето се служеше вечерна богослужба, а по завршувањето на богослужението поворка од многуброен верен народ, проследен со црковни знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти се упати кон центарот на градот. Прекрасно украсените мошти ги носеа Новица Столески, Димитар Колоски, Благоја Милески и Душан Матоски, а за да биде литијата уште поторжествена се погрижи оркестарот при МКЦ – Скопје. Тука беа и најмладите, кои со знаменца ги пречекуваа моштите и радосно извикуваа: Христос воскресе!

jordan release date | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

Повеќе...

„Крвта на мачениците е семето на кое е изградена Црквата Христова“. Господ Исус Христос им вели на Своите ученици: „Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). И навистина, дури и да нема период во историјата на Црквата, а таа да не била гонета. Но, овие мачеништва се само уште еден доказ за вистината, а Христос е нашиот Пат, Вистина и Живот.

Еден од безбројните маченици кои ја потврдиле својата вера со својот живот е и св. вмч. Георгиј, чиј култ особено е распространет на нашите простори. На денот кога го празнуваме (06.05.2011) света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, Дебар. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј (игумен на Бигорскиот манастир), архимандрит Викентиј (гостин од Романската православна црква), еромонасите Доситеј и Макариј, свештеник Игор Никовски, еромонах Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше извршен мал водосвет, а кон многубројниот народ, нашиот Митрополит се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Nike News

Повеќе...
Страница 247 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1