„Денес радосно се веселат сите краишта на земјата, празнувајќи го чесниот спомен на Твоите архангели, Боже, - божествениот Михаил и богомудриот Гавриил; со нив се радуваат и сите ангелски чинови, зашто светот се запазува со нивната заштита“ (песна од Канонот на Утрена на Собор на св. Архистратиг Михаил и другите бесплотни Сили).

 

На 21.11.2015 година, денот кокга го прославуваме празникот Собор на св. Архистратиг Михаил и другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Владо Недески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Asics shoes | adidas sold 1 million dollars today Enflame Release Date - raw amber nmd laces
Повеќе...

„Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха приведувајќи не. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (Светилен на Утрена на св. вмч. Ѓорѓи“).

 

На 15.11.2015 година, во 24 Недела по Педесетница и на празникот на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Автониј и други, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, си спомнавме на големиот Јубилеј 180 години од возобновувањето на овој струшки централен храм, кој векови наназад претставува духовно собиралиште на стружани, кои тука ги имале своите духовни почетоци, кои тука растеле духовно и се молеле на Бога, но и каде биле испратени на своето последно патување. Токму затоа, ова духовно светилиште зазема огромно место во животот на стружани, кои денеска тоа и го покажаа, преку своето големо присуство во нивниот „Ерусалимски храм“. Не можеме, а да не го споменеме и неуморниот старешина на „Св. Ѓорѓи“, свештеникот Васко Голабоски, кој не допуштил храмот да претставува само обична градба, туку и го одржува она што му било оставено и уште повеќе го заживува како вистинско Тело Христово, како Црква, која нема да биде надвладеана од вратите на адот.

Sports News | Ανδρικά Nike
Повеќе...

„Чудотворци и податели на исцеленија и чуда, светилници светлоприемни, на сите им се јавивте со духовната благодат, зашто пламенот на страстите со вера го разладувате, и во неа умот на верните го загревате; затоа, откако се здобивте со духовното лекарство, приоѓајќи во црквата ваша божествена, викаме: Богоносци бесребреници, молете Го Христа Бога, прошка на гревовите да им дарува, на оние што со љубов го слават вашиот свет спомен“ (седален по полиелејни псалми на Утрена на св. Козма и Дамјан).

 

На 14.11.2015 година, на денот кога го прославивме чесниот спомен на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, беше осветено уште едно светилиште во нашата епархија, посветено на двајцата лекари чудотворци, а кои не ретко ги повикуваме во нашите молитви да ги пазат нашите души и тела и да ни даваат исцеленија за нашите болести. Едно вакво светилиште, можеби не големо по својата материјална градба, но големо по своето духовно и обединувачко значење, а по иницијатива на протоерејот Димче Ѓорѓиески од Охрид, никна и во охридското село Опеница. Освен за изградбата на манастирот, протоерејот Димче е заслужен и за изградбата на новиот манастирски конак, за кои неуморно и целосно се вложи.

Nike Sneakers Store | Nike
Повеќе...

„Како закон на страдалниците, маченику, откако се ослободи од секаква љубов светска, се нахрани со благодатниот елеј на Духот. А кога ги победи началствата на темнината, прими награда да точиш миро слаткомирисно, Димитрие“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Димитриј).

 

На 08.11. 2015 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игро Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, протоерејот Игор Никовски се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.

Nike footwear | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey
Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол. преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“ (седален по 3-та песна од Канонот на свети Прохор Пчински).

 

На 01.11.2015 година, во 22 Недела по Педесетница, како и на празникот на светиот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците.

best shoes | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Повеќе...
Страница 172 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1