На 30.09.2015 година, денот кога го прославуваме споменот на светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерите Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, кон многубројниот верен народ, со пригодно слово се обрати свештеникот Ѓорѓи Блажески.

bridgemedia | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Порано во рајот дрвото ме соголи, кога со вкусувањето непријателот ми принесе умртвување; крсното, пак, дрво на животот, на луѓето носејќи им облека, се забоде, и целиот свет со секаква радост се исполни, гледајќи го како се издигнува: луѓе, согласно, со вера да Му запееме на Бога: Домот Твој со слава се исполни“ (седален по полиелејните псалми на Утрена на Крстовден). 

 

Првото дрво како забрането донесе зло и смрт на луѓето и измамата на лукавиот се насеи на земјата. Но, денес се возрадува вселената, зашто се издигна второто дрво, попрскано со крвта на Воплотениот Бог Слово, и измамата беше срушена и поразен беше непријателот. Затоа, верни, радувајте се и воспејте Му на Господа, Кој се прослави: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен Си

 

На овој светол ден, на 27.09.2015 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати пред мноштвото верни со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike footwear | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG
Повеќе...

„Мајко Божја, непрестајно моли Го милостивиот Христос, да нè избави од секаква беда, нас кои што те исповедаме како Богородица, непогрешлива и чудесна помошница на христијаните, и Те провозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Пресветата Мајка Божја заврши со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски, Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Благоја Спироски, Љупчо Бакрачески и Александар Крстаноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрат кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | Nike News
Повеќе...

„Денес е објавувањето на радоста на целиот свет, денес задуваа ветрови, навестувачи на спасението: неплодноста на нашата природа се разрешува, зашто неплодната станува мајка на Онаа, која и по раѓањето на Животодавецот останува девојка; од неа го зема она што не е нејзино, а кое е Бог по природа, и на заблудените им дава спасение воплотениот - Христос - Човекољубец и избавител на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Пресветата Мајка Божја секогаш е и ќе биде торжество само по себе, зашто не може, а да не се слави онаа која Го сместила во својата утроба Царот Христа и која се принесе себеси како жртва и дар од луѓето. Тоа верните го чувствуваат и знаат, но знаат и дека секоја нивна правилна молба кон Мајката Божја ќе биде услишана и исполнета. Затоа и манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, уште во вечерните часови пред празникот на Рождеството на Пресвета Богородица, беше исполнет со неизбројно мноштво верници, кои од сите краишта на нашата земја, дојдоа да се поклонат и да се помолат на чудотворната икона на Мајката Божја.

jordan Sneakers | NIKE AIR HUARACHE
Повеќе...

„Ти, кој се роди од неплодна жена пред девственото раѓање, и сега, со отсекувањето на твојата глава, си претеча на доброволното распнување на Оној што ја создаде вселената, и на оние во адот им викаш: Момчиња, благословете Го; свештеници, воспејте Го; луѓе, превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Отсекување на чесната глава на светиот Јован Крстител). 

 

Како посредник меѓу древните и новите евангелски проповеди, Претечо, ти кој се јави од неплодната утроба и Го предвести Спасителот, прекрасен цвету на пустината, светата Црква Христова никогаш не те заборава и постојано те прославува. Денеска се потсети и на твојата неправедна смрт, испросена од блудницата Иродијада, која на табла ја побара твојата света и чесна глава, зашто ти го изобличи Иродовото прељубодејство.

 

И ние, грешните, се собравме во светата Бигорска обител, посветена на најголемиот меѓу пророците, каде со величија и песнословија го прославивме Претечата Христов. Торжественото празнување започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Ацо Гиревски, протоереите Митре Попоски и Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештениците Владо Недески, Бобан Митевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Кирил. На вечерната присуствуваа и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитите Агатангел, Иларион и Јосиф (Тетовски), како и повеќе свештенослужители и огромен број верен народ. Радоста за браќата во манастирот беше огромна, зашто од раката на нашиот Митрополит, во ангелското монашко служење, беа потстрижени уште двајца браќа Антонио и Димитриј, кои на своето второ „крштение“ ги добија имињата Анатолиј и Нифонт. По завршувањето на Вечерната, Митополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. 

bridgemedia | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ
Повеќе...
Страница 174 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1