Почитувани верници,

Дебарско-кичевската епархија, под духовното раководство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и секоја година, постојано се грижи за духовното надградување на своите верници, но и на сите верници на нашата света Македонска православна црква. Имено, во рамките на нашата издавачка куќа Канео, и ова лето Господово, според нашите можности, излегоа повеќе вредни наслови, кои секој православен верник треба да ги прочита и да ги поседува во својата домашна библиотека.

Sports brands | adidas Yeezy Boost 350

Повеќе...

„Венценосецу Георгие, стоејќи целиот светол пред чесниот престол на Оној што владее со сите, со твоите молитви и застапништва запази ги тие што со топла вера и љубов те призиваат тебе, Христов маченику" (песна од Канонот на светиот великомаченик Георгиј победоносец).

На 09.12.2014 година, на празникот на светиот великомаченик Георгиј, на преподобниот Алимпиј Столпник и на светиот Стилијан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи" во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Пред започнувањето на Литургијата, беше осветен новиот иконостас, изрезбан од раката на Никола Костовски, а иконите, со исклучок на првиот долен ред, се дело на Илија Шапкароски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

latest Running | Asics Onitsuka Tiger

Повеќе...

„Сега сите да го воспееме јерархот, пастирот и учителот на луѓето во Македонија, откако со вера пристапивме во неговиот дом, и да го целиваме неговиот свет и божествен гроб, викајќи: Отче богомудри, ти си нашиот и пастир и учител; не престанувај да го чуваш прилежно твојот град, зашто, надевајќи се на твоите молитви, како топол застапник те одбележуваме" (икос на празникот на свети Климент архиепископ Охридски и Чудотворец).

Празнувањето на големиот светител Климент започна на 07.12.2014 година, со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон" на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Сашо Целески.

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth

Повеќе...

„Стариот закон, Пречиста, преславно те предвидуваше како скинија и божествен сад, необичен Ковчег и царска завеса, и жезол неразрушлив и врата Божја. Затоа нè учат да ти викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста" (песна од канонот на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица).

Денес Божјата Мајка и Царица во домот Господов се воведува, а со себе и благодатта на Светиот Дух ја воведува. Затоа и ангелите и човечкиот род го воспеваат родот на праведните Јоаким и Ана, светлата небесна Скинија, Пресветата Владичица наша Богородица.

bridgemedia | adidas Yeezy Boost 350

Повеќе...

„Михаиле и Гаврииле, кои се покажувате застапници за сите, посетете ги оние што од љубов го почитуваат вашиот сепразничен спомен, и кои верно пеат: Спасувајте нè од секакви опасности" (песна од Канонот на Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни сили).

НА 21.11.2014 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни сили, во манастирот „Св. Наум Охридски" во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

bridgemedia | Nike

Повеќе...
Страница 189 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1