„Богомудри отче Јоакиме, со потоци од солзи умот свој си го просветлил, и со Бога си разговарал; сјаејќи со светлината на верата како сесветол столб, со пресветла чистота, се покажа како пофалба на монасите. И сега, блажени, сите нас чувај нè, со твоите молитви“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на преподобен Јоаким Осоговски).

На 29.08.2014 година, на празникот Неракотворен образ на Господ Исус Христос и Преподобен Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач.

Running Sneakers | Nike Shoes

Повеќе...

„О, чудеса надумни на Приснодева и Божјата Мајка! Од гробот во којшто се всели, рај направи! Стоејќи денес пред него, радувајќи се, пееме: Дела (Господови), пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

На 28.08.2014 година, денот кога го празнуваме Успението на Пресветата Мајка Божја, која во живот се пресели, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Nike Air VaporMax for Men & Women - Buy Online - Ietp

Повеќе...

„Скриената молња под телото на Твојата природа, и божествената убавина, Христе, си ја покажал на Гората света, Добротвору, кога ги осветли апостолите што беа со Тебе; и, кога ја разбраа Твојата неподнослива слава, повикаа: Ти си свет, бидејќи, иако си непристапен, во светот си виден во тело, единствен Човекољупче“ (стихира на Слава... на седален по полиелејни псалми на Утрена на Преображение).

Денес Тавор и Ермон се радуваат на Христовото име и светот со радост се исполни, зашто Христос јасно се покажа со Својата божествена светлина. Он им потврди на Своите ученици дека никогаш нема да ги остави, а и ние знаеме дека Он постојано е со нас и одново на сите ни се дава. Тоа особено го чувствуваме и искусуваме во светата тајна Евхаристија (Причест), во која ги примаме светите Тело и Крв Христови. И како што Спасителот се преобрази на Гората, така и лозовиот плод се преобразува во оваа света тајна: од обична земна материја, тој станува Крв Христова. Затоа и во светата Црква постои традицијата на денешниот ден да се осветува новиот лозов плод.

affiliate link trace | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

Повеќе...

„Отче Клименте, хранет со млекото на доблеста, си го достигнал врвот на добродетелите. Горен, пак, од огнот на љубовта, ти си бил правило на кроткост и воздржување; а како извор н милост и бездна на сострадание, си ја оцрнил калта на страстите. Но, како најбрза помош и скоро застапништво на оние што верно те призиваат, мирољубив отче Клименте, јави се и  сега со духот, и запази нè, и спаси нè од гревот што нè мачи, зашто имаш голема смелост пред Господа“ (стихира на Слава... на Голема вечерна на свети Климент Охридски Чудотворец).

На 09.08.2014 година го прославивме свештениот спомен на патронот и учителот на цела Македонија, наследникот на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. За заслугата на овој наш просветител зборува историјата, но зборува и реката верен народ, кој непрестајно и секојдневно доаѓа да се поклони на светителот. Особена почит, пак, му оддаваме во овие денови, посветени на него, кога и кивотот со неговите мошти е отворен, а преку нивното целивање, бараме прошка на гревовите, но и телесно и душевно здравје, а, се разбира, и спасение на нашите души.

Authentic Sneakers | Air Jordan Release Dates 2020

Повеќе...

„Славна Параскево, исполнета со дарови за исцеленија и виденија, секогаш им излеваш благодат Божествена, на оние што те почитуваат и кон твојот гроб приоѓаат со вера“ (песна од Канонот на Утрена на преподобномаченица Параскева).

На 08.08.2014 година, денот кога го прославуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и светиот свештеномаченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Димче Азески и протоѓакон Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На истиот ден, повеќе свештенослужители од нашата епархија, отслужија света Литургија и во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид.

short url link | Nike

Повеќе...
Страница 193 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1