На 31.05.2014 година, на празникот на св. мч. Теодот Анкирски и св. мч-ци Петар, Дионисиј и други, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештениците Никола Христоски и Благоја Спироски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Силуан, изврши осветување и го положи камен-темелникот на храмот – скит на Бигорскиот манастир, посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј. Новиот храм се наоѓа во с. Битуше, на висорамнината над планината Крчин. Храмот се гради по иницијатива на архимандритот Партениј, игумен на манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“, а дарители на храмот се семејството Џиковски од Скопје.

Sport media | Sneakers Nike

Повеќе...

„На Гората Света гледајќи го Твоето Вознесение, Христе, Светлино на славата на Отецот, го воспеваме светлоносниот изглед на Твоето лице, се поклонуваме на Твоите страдања, го почитуваме Воскресението, славејќи го славното Вознесение, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... на голема вечерна на Вознесение Христово).

Уште во времето пред да претрпи страшни страдања и да биде распнат на Крстот, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, им го навести Своето Вознесение на учениците, но и слегувањето на Светиот Дух, велејќи им: Добро е Јас да си заминам, оти, ако Јас не си заминам, Утешителот нема да дојде (Јн. 16,7). Но, и откако славно воскресна, им се јавуваше  на Своите ученици и ги поучуваше, апо четириесет дена Он се вознесе и седна од десната страна на Бога Отецот. Со тоа, Он ја вознесе и човековата природа, давајќи и неискажлива големина, зашто созданието седна оддесно на Создателот. Толку многу Бог го возљуби човекот.

Running sport media | nike fashion

Повеќе...

„Богоносни отци, работници на лозјето Христово, сејачи на благочестието, ревносно го побаравте словенскиот народ и го најдовте како загубената драхма, која што ја прими Човекољубецот Исус и Спасител на душите наши, радувајќи се заедно со ангелите“ (хвалитна стихира на Утрена богослужба на светите Кирил и Методиј).

На денот (24.05.2014) кога ги прославуваме светите сесловенски просветители Кирил и Методиј, солунските браќа, во параклисот, посветен на овие наши учители, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на Светинаумовиот манастир,  свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Литургијата беше дополнително збогатена и со прекрасното пеење на охридскиот машки хор „Св. Климент Охридски“.

affiliate tracking url | Nike Shoes

Повеќе...

„Како проповедник на тајни и божествен светител, трпеливо си поднел неволји, гонења и напади, и долготрајни прогонства, заради верата Христова, проповедајќи Го Христа јасно како едносуштен и совечен, и рамнодетелен, и собеспочетен на првоначалниот Отец. Затоа Самиот Он те украси со пресветли знаења, и те покажа пресветол на целата вселена“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на свети Атанасиј Велики“).
На 15.05.2014 година, денот кога го прославуваме споменот на преносот на моштите на светиот Атанасиј Велики, патријарх Александриски, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

best Running shoes | Releases Nike Shoes

Повеќе...

„Светиот Дух е светлина и живот, и жив духовен извор: Дух на премудрост, Дух на разум, на добрина, на правда, на знаење, Кој владее, очистува гревови; Он е Бог и нас нè обожува; Оган Кој од Огнот исходи; Кој говори, дејствува, дарови разделува, преку Кого се овенчаа сите пророци и божествени апостоли со мачениците. Страшен шум, страшна глетка: Оган Кој се разделува заради раздавање дарови“ (хвалитна стихира на Утрена на Недела на Педесетница).

На 08.06.2014 година, во Неделата на светата Педесетница, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Според црковниот типик, веднаш по Литургијата беше отслужена и Вечерна богослужба, на која се читаат три молитви, во кои Го молиме нашиот Бог и Создател, да нè научи да одиме по вистинскиот пат, да ни ги прости согрешенијата, а да им ги прости и на сите порано упокоени браќа и сестри во Христа. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а беше направена и свечена литија околу светиот храм.

short url link | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%
Повеќе...
Страница 196 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1