„Оној што е невидлив по природа, денес е видлив во тело: Несоздаденото Слово сега раѓано од Чиста Дева се создава. Затоа, заради нас луѓето, како осмодневен младенец според законот се обрежува. Нему, како наш Спасител, да Му се поклониме“ (седален на утрена на Обрезание по тело на Господ Исус Христос).
На 14.01.2023 година, денот кога го празнуваме Обрезанието по тело на нашиот Спасител Господ Исус Христос, како и споменот на светиот Василиј Велики, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен за Новата Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.