„Нека кажат Јудеите како војниците Го погубија Царот Кого Го чуваа, и зошто каменот не го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (Воскресна стихира на Хвалитни на Утрена во Понеделник од Светлата седмица).

 

На 25.04.2022 година, во Понеделникот од Светлата седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон присутните верници, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (песна на Господи повикав... на Вечерна во Светата и велика недела на Пасха).

 

На 24.04.2022 година, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, во Светата и велика недела на Пасха, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј и свештенослужителите заедно со верниот народ си го честитаа најторжествениот празник со радосниот поздрав Христос воскресе, а Митрополитот им подели на верниците по едно велигденско јајце. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Навистина колку е свештена, сепразнична, спасителна и светлозарна оваа ноќ, бидејќи е предвесник на светлоносниот ден на Воскресението: во неа од гробот, телесно, на сите им засветли вечната Светлина“ (песна од канонот на Утрена на Воскресение Христово).

 

На 24.04.2022 година, на денот на сесветлото, торжествено и победоносно Воскресение Христово, на нашиот најсветол празник над празниците Велигден, во манастирот „Св. Климент и Панетелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Кирил Јованоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. На дочекот на Христовото Воскресение присуствуваше и Претседателот на Владата на Р.С. Македонија, г-динот Димитар Ковачевски. Во оваа торжествена ноќ, беше прочитано и Велигденското послание испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со членовите на САС на МПЦ-ОА, кое интегрално ви го пренесуваме.

Повеќе...

„Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној Кој седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го окружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!“ (седален на Утрена во Светата и велика сабота).

 

На 22.04.2022 година, во Светиот и велик петок, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба со Опело на нашиот Спасител Господ Христос, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Тебе, Творецот на сѐ и Бога, гледајќи Те на крстот, Христе, онаа која бессемено Те родила, горко викаше: Сине мој, каде зајде Твојата убавина! Не можам да гледам како Те распнуваат неправедно: но, побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно од мртвите воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светиот и велик петок).

 

На 22.04.2022 година, во Светиот и велик петок - наутро, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беа отслужени царските часови и Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. на Вечерната богослужба, според типикот на нашата света Црква, беше изнесена и Плаштаницата, која ја симболизира онаа чиста плаштаница во кое било завиткано Телото на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. 

Повеќе...
Страница 54 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1