На 04.10.2021 година, во Господа се упокои протоерејот-ставрофор Стојан Јанковски од Скопје, долгогодишен работник на нивата Господова, и тоа како секретар на САС на МПЦ-ОА, потоа како парохиски свештеник, а и како воспитувач во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, отслужи Трисагија за покој на неговата душа. Семилостивиот Господ да му ги прости сите животни прегрешенија и да ја всели неговата душа во живеалиштето на праведниците.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПРОСЛАВЕН ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ 40 ГОДИНИ АРХИЕРЕЈСКА СЛУЖБА И 70 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ
Бидејќи постојат премногу јасни сведоштва, нема да ја бараме од другите вистината, која лесно може да се добие од Црквата. Таму апостолите, како богат човек кој дава залог, во целост ѝ го дарувале сето она што припаѓа на вистината, така што секој кој сака може да ја прими водата на животот од неа (св. Иринеј Лионски).
Борејќи се со еретиците кои го негирале преданието од апостолите, на овој начин и со вакви зборови светиот Иринеј и другите апологети од првите векови ја разбирале и ја бранеле Црквата и преданието. Тоа, пак, Предание, апостолите го предале на свите наследници - епископите, преку кои до денеска се чува неповредено во Црквата. И нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија, иако минувајќи по трнлив голготски пат, имајќи го овој апостолски залог, предаден преку Светиот Дух, до денеска се одржала во вистината, до денеска ја пие таа вода на животот. Иако ни се чини млада во своето возобновување, веќе почнуваме да славиме и голеи јубилеи на оние кои не само што се бореле за нејзино зачувување, туку успеале да го запазат неповредено тој апостолски залог и да ни ја предадат вистината на сите нас кои сме дел од неа: свештенството, монаштвото, верниот народ. Сите ние заедно, денеска станавме сведоци на еден таков голем историски Јубилеј, голем и историски не само за нашата Црква, но и за нашата Татковина. Имено, денеска го прославивме големиот Јубилеј 40 години архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. Овој Јубилеј само официјално го потврди она што ние многу години наназад секојдневно го препознаваме и го посведочуваме во ликот на нашиот духовен водач Митрополитот Тимотеј, а тоа е неговото неуморно духовно и материјално надградување на нашата света Црква, епископската мудрост, несебичната пожртвуваност, љубов, трпение кон сите нас и, секако, тој жив апостолски залог.
СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ

Почитувани, во прилог Ви го пренесуваме Соопштението од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид, по повод големиот Јубилеј 40 години Архиерејска служба и 70 години од раѓањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
СВ. МЧ-ЦА. СОФИЈА И ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ
„Чесните млади девици ги избегнаа отровните ласкања на мачителот, ранети од Твојата љубов, Христе, и од Твојата Божествена утеха“ (песна од канонот на Утрена на св. мч-ца. Софија и трите нејзини ќерки: Вера, Надеж и Љубов).
На 30.09.2021 година, на празникот на св. мч-ца. Софија и трите нејзини ќерки: Вера, Надеж и Љубов, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.
ВОЗДВИЖЕНИЕ ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН
„Крсту Христов, надеж на христијаните, наставнику на заблудените, пристаниште на брануваните, во борбите - победа, тврдина на вселената, лекару на болните, воскресение на мртвите, помилуј нѐ“ (стихира по степена на Утрена на Крстовден).
На 27.09.2021 година, денот кога го прославуваме споменот на празникот Воздвижение на чесниот и животворен Крст - Крстовден, во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.