Празникот посветен на овоплотувањето на Второто лице од св. Троица, Бог Син, преку раѓањето во тело од Дева Марија, познат како Рождество Христово – Божиќ, торжествено со празнични богослужби се прослави во сите храмови во Дебарско-кичевска епархија. Во предвечерието на Божиќ, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во црквата посветена на светите апостоли Петар и Павел во Кичево, во сослужение на повеќемина свештенослужители, а во присуство на многуброен верен народ отслужи празнична вечерна богослужба и ги освети бадниковите гранчиња. Утредента, на Божиќ, во црквата свети Никола – Геракомија во Охрид, Владиката отслужи света Литургија на која верниот народ кој со пост и молитва се приготвувал се причести со Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. На 08.01. Митрополитот г. Тимотеј служеше Литургија во манастирот посветен на св. Пантелејмон и св. Климент на Плаошник. На 09.01, денот кога Црквата го празнува споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во црквата св. Георгиј во Струга, Владиката служеше света Литургија.

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ !!!

Authentic Sneakers | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE
Повеќе...

"Денес Дева Го раѓа Творецот на вселената, пештерата рај станува, а на оние во темнината, ѕвездата им Го покажува Сонцето - Христа; Мудреците со даровите, просветлени со верата, Му се поклонија; Aнгелите пак пееја и говореа: Слава на Бога во висините."

О, каква неискажлива тајна! Каква неиспитлива премудрост на Божјата промисла за спасение на човечкиот род! Кој може да ја опише таа неизмерна љубов и милосрдие на преблагиот Господ, Кој слегува на земјата да се роди заради нас и нашето спасение, да прими тело и стане човек, помирувајќи го огревовеното човештво со Бога. Сè до Христа оваа љубов му беше туѓа на светот. Како сонце таа блесна од Витлеемските јасли и се рашири по целиот свет, дарувајќи нè со благодатната и спасителна вера, надеж и љубов, чиста слобода, братство и еднаквост во Христа.

Buy Kicks | Real Talk: adidas Stan Smith, Forever - Fotomagazin

Повеќе...

Празникот посветен на упокојувањето на преподобен Наум, охридскиот чудотворец, свечено, со празнични богослужби се одбележа во неговиот манастир. Празнувањето започна со служење на празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски, г. Агатангел во сослужение на игуменот на Светинаумовата обител, архимандрит Нектариј.

Sports Shoes | Nike Releases, Launch Links & Raffles
Повеќе...

По повод празникот на мирликискиот чудотворец, свети Никола, се служеше света, божествена архиерејска Литургија во црквата „Свети Никола – Ѓеракомија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, јеромонахот Макариј, собрат во Бигорскиот манастирот „Свети Јован Крстител“, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох Варошки, свештеник Саше Костадиноски и ѓаконите: Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, референти при Дебарско-кичевската епархија. Забележително беше присуство на голем број православни верници, кои подготвувајќи се со пост, молитва и исповед, во голем број пристапија и се причестија од Чашата на Животот со Телото и Крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

Nike shoes | Nike for Men
Повеќе...

Секој човек кој размислува за вечниот живот и се грижи единствено за спасението на својата душа, се труди секое материјално дело кое го стекнал, овде на земјава, да биде душеполезно и богоугодно, бидејќи човековата душа е повредна од сè на овој свет, од сите богатства и скапоцености, кои светот денес ги нуди. Размислувајќи за Бога и за Неговата голема љубов, човекот постојано чувствува, како Небесниот Отец штедро и милостиво излева безбројни дарови, исполнет со милосрдна грижа кон своето возљубено создание, со единствена цел - да ја излекува човековата душа и да и помогне да се спаси.

Nike air jordan Sneakers | Nike Shoes, Sneakers & Accessories
Повеќе...
Страница 283 од 288

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4