„Дојдете сите вие што го славите сепразничното, светло и славно Воскресение, пак да го празнуваме светлото торжество на маченикот Георгија, и со пролетни цветови, како непобедлив, да го овенчаме, та, по неговите молитви, да примиме избавување од неволјите и од гревовите“ (хвалитна стихира на Утрена на свети великомаченик Георгиј).

Како што велат светите отци, светите маченици се семето на христијанството и тие потврда за Воскресението Христово. Затоа и Црквата Христова ги прославува и им дава толку голема чест на мачениците и речиси и да нема ден во годината во кој не се слави некој маченик. Тоа особено важи за светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј, кого верните го слават со особена чест, а не ретко го имаат и како заштитник на својот дом. По чест на овој великомаченик, на 06.05.2014 година, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше извршен чинот на Мал водосвет. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

jordan release date | Nike Shoes

Повеќе...

На 02.06.2014 година, на празникот на светиот маченик Талалеј, во храмот „Св. Никола“ во с. Враништа, Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештениците Никола Христоски и Ристе Наумоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

buy shoes | Men’s shoes

Повеќе...

„О преславно чудо! Јован легна на градите од Словото, а Тома се удостои да го допре Неговото ребро! Првиот проникна во длабоката тајна на богословието, а вториот се удостои да нè упати во Неговиот план на спасението, бидејќи тој ни ги покажа јасно доказите за Неговото Воскресение, викајќи: Господ мој и Бог мој, слава Ти!“ (стиховна стихира на Томина недела).

На 27.04.2014 година, во Неделата на Антипасха или Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец Мирликиски“ во Долна Маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...

На 25.04.2014 година, на Светли петок, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Димче Ѓорѓиески и свештениците Кирил Јованоски и Никола Христоски, го освети и положи камен темелникот за изградба на нов конак во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ во село Опеница, Охрид.

Mysneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

„Делата на твојот извор, Богородице, навистина беа побројни од песокот и од дождовните капки, кои богато и непрестајно се излеваа на целата земја, и секој тешко болен бргу го исцелува“ (песна од Канонот на Светли петок).

На 25.04.2014 година, на Светли петок, кога ги славиме и чудата на Пресветата Дева Марија, кои се случиле во храмот, наречен Живоносен Извор, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач и беше извршен чинот на Водосвет во светла седмица.

latest Nike release | Buy online Sneaker for Men

Повеќе...
Страница 202 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Август 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6