На 21.04.2014 година, по повод вториот ден од најторжествениот христијански празник Воскресение Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј ги поздрави верните чеда со радосниот поздрав: Христос воскресе, а свештеникот Александар Матески им подели нафора.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ВТОРО ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО
Во Великата недела на светата Пасха Христова, на 20.04.2014 година, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, според традицијата, беше отслужена Вечерна богослужба. Според Типикот, на оваа Вечерна служба се чита на повеќе јазици и Евангелието според евангелистот Јован, во кое се зборува за јавувањето на Воскреснатиот Христос на учениците. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик, во сослужение на архимандрит Нектариј (француски јазик), протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик), Горан Ставрески, Владо Недески (англиски јазик) и Ѓорѓи Блажески (македонски јазик), протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и ѓаконот Сашо Целески (италијански јазик). Свештеникот Никола Христоски ја прочита и Велигденската честитка од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, а Митрополитот Тимотеј на сите присутни верници им го честита најголемиот и најрадосниот празник Велигден, делејќи им велигденско јајце, како симбол на Христовиот гроб, од кој се раѓа нов живот и поздравувајќи ги со торжественото: Христос воскресе!
latest jordans | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН
„Вчера се погребав со Тебе, Христе, денес воскреснувам со Тебе; вчера се распнував со Тебе, денес Самиот Ти прослави ме со Тебе во Царството Твое“ (песна од канонот на светата и велика Пасха).
Дојдете, браќа да вкусиме од новиот плод на лозјето – радоста божествена, зашто Христос воскресна од гробот по три дена. Ден е на воскресение - да се зарадуваме и развеселиме во него. Пасха чудесна – Христос го победи последниот непријател на човекот, смртта, и на сите ни дарува живот вечен. Затоа, да простиме сè со Воскресението и да запееме: Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им дарува.
Во овој Ден над деновите и Торжество над торжествата, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичесвки г. Тимотеј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот им го честита најголемиот христијански празник на мноштвото верни, кои се собраа на овој ден од сите краишта на нашата земја, а свештеникот Никола Христоски, им ја пренесе Велигденската честитка од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во кое, меѓу другото, се вели:
Asics footwear | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ
ВЕЛИКИ ПЕТОК - ВЕЧЕР
„Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите“ (песна од канонот на Утрена на Велика Сабота).
Седржителот, денеска на крст се возвисува и во гроб се полага, а сето создание тажи и плаче. Плаче, но и се восхитува, зашто Несместливиот во гроб ракотворен се сместува и во адот слегува, за да им го проповеда Евангелието и на мртвите и да им го навести Царството Небесно. О, чудо, добрино и трпение неискажливи!
ВЕЛИКИ ПЕТОК - УТРО
„На беззакониците што Те фатија, Господи, трпејќи, вака си им зборувал: Иако Го поразивте Пастирот и ги распрснавте дванаесетте овци – Моите ученици, можев да повикам дванаесет легиони ангели; но долго трпам, за да се исполнат тајните непознати, што ви ги јавив преку Моите пророци: Господи, слава Ти“ (стихира од Царските часови на Велики Петок).
На Велики Петок продолжуваат жалните пеења за Распнатиот. Оној, Кој е Судија на живите и мртвите, го дава Својот живот за човечкиот род и за сиот свет. На крст прикован и со копје прободен, Он станува извор на бесмртност на луѓето. На овој ден, кој оваа година го прославивме на 18 април, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, во сослужение на свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Според црковниот типик, на Вечерната, која се служи ова утро, на поставениот Христов гроб насреде храмот, беше изнесена плаштаницата, а свештенството и верниот народ ја целиваа, викајќи кон Христа: Побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно, од мртвите, воскресение.
Sport media | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , Ietp